Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Нарачката може да ја направите телефонски на телефонскиот број  075 466 466, на вибер, на социјалните мрежи на trodat тромак печати или да ја испратите на маилот trodatmkd@gmail.com .

 

Да, можеме. Ние не додаваме дополнителен надомест за печати со едноставен отпечаток. За оние со средна или висока сложеност (специфични фонтови, логоа и сл.), трошокот се одредува врз основа на времето што е потребно за припрема.

Ние ја нудиме најбрзата услуга и изработка на печати во градот, па затоа Вашиот печат ќе биде изработен за 10 минути​. По изработката може да поминете на нашата локација булевар Крсте Мисирков, спроти МАНУ, позади автобуската станица. Доколку не сте во можност може да се јавите на телефонскиот број 075 466 466 и да се договориме за достава.

За повеќе информации околу тоа кои документи се потребни најубаво да ни се обратите на телефонскиот број​ 075 466 466.

 

Изборот на производи што ги нудиме е изграден од реномирани компании кои ги докажаа придобивките и квалитетите на нивните производи ширум светот. Нашиот асортиман ги нуди сите типови на печати кои се потребни за еден бизнис. Печатите имаат модерен дизајн, екстра квалитетен отпечаток, имаат лесна променлива касета и прецизно позиционирање на отпечатокот.  Материјалите, суровините и машините што ги користиме гарантираат долг животен век и совршен принт на секое печатење што го правиме.

Ласерската технологија е многу по прецизна, што исто така влијае на квалитетот на финалниот принт. Нашата ласерска машина е сертифицирана од производителот на печати, која гарантира квалитетно производство без промена на нацртот. Гумата за гравирање е еколошка, со голема издржливост со текот на времето. Постојат типови гуми кои поседуваат сертификат за храна.

НЕ. Сите мастила се во согласност со тековните директиви на ЕУ. Сите тие се базираат на вода и не претставуваат ризик за вашето здравје.

Прво заклучете го печатот. Потоа со помош на пинцети поставете ги на плочата поединечните букви/бројки. Внимавајте при поставувањето, бидејки треба да се постават како огледало на сликата, што значи од десно налево.

Тоа зависи од печатот, но е доста едноставно. Во зависност од моделот, заменските касети со мастило може да се отстранат со странично притискање и потоа влечење. 

Треба да ја замените касетата со мастило на вашиот печат ако повеќе не сте задоволни со интензитетот на отпечатокот.

Касетата со мастило е веќе интегрирана во печатите. Кога ќе снема мастило може да ја извадите касетата и да доставите мастило на текстуалната. Затоа, овие печати се особено практични и може да ви дозволат да имате чисти раце.

МениПочетнаКонтактНајгоре